19 March 2015

Програма за стипендирање НОВА-Борис Трајковски 2015 (резултати)

Почитувани ученици,

 

Уште еднаш Ви благодариме за учеството на проектот за стипендирање Борис Трајковски -НОВА.

 

Резултатите се приложени подолу. Рангирањето започнува со најдобриот и завршува со најнискиот постигнат резултат. Во секоја колона, прикажани се поединечните резултатите од тестот по англиски јазик, математика и есејот.

 

Кандидадите пласирани од реден број 1 (еден)  до реден број 25 (дваесет и пет) најдоцна до среда 25 март 2015 година треба да  достават комплетната документација која вклучува:

  • Препорака од класниот раководител и наставник по избор на ученикот
  • Фотокопија од свидетелствата од  6, 7 и 8 одделение; фотокопија од полугодишните оценки од 9 одделение
  • Фотокопија од дипломи/признанија добиени на натпревари (не уверенија или потврди за завршени курсеви и посетувани програми)
  • Фотокопија од извод од матичната книга на родените и една фотографија со димензии за пасош

 

При поднесување на документите во  администрацијата на НОВА,  секој ученик ќе биде известен за терминот за усното интервју со комисијата за стипендирање.

 

Со почит,

Фондација Борис Трајковски и Гимназија НОВА

 

РЕЗУЛТАТИ

 

Повеќе информации за програмата може да најдете на следниот линк: http://www.nova.edu.mk/boris_trajkovski_scholarship.aspx