18 April 2015

3-та Ротари конференција за професионална ориентација (видео)

Ротари клубот Скопје Камен Мост изминатите години своите активности ги насочи кон поддршка на млади талентирани луѓе во мисијата на остварување на нивниот целосен потенцијал. Во интерес на континуитетот на таа мисија, оваа година по третпат ќе организира конференција за професионална ориентација на млади под мотото „Да го одберам тоа што се бара или тоа што го сакам“.

Конференцијата ќе се одржи во сабота, 18.04.2013, од 11:00 до 15:00 часот, во просториите на Meѓународното училиште НОВА. За време на настанот членовите на Ротари клубот Скопје Камен Мост ќе го споделат сопственото искуство од својата професија, а истото ќе го сторат и неколку еминтентни гости говорници, на средношколци од 2-ра и 3-та година, се со цел да им се помогне во нивниот избор на идна професија.

Пријави се за учество на info@nova.edu.mk (бројот на места е ограничен). 

АГЕНДА НА НАСТАНОТ

ПОСТЕР НА НАСТАНОТ