Програма за стипендирање Борис Трајковски-НОВА 2017

 

 ФИНАЛИСТИ 2017

  • Лука Грашкоски – ОУ „Христијан Т. Карпош„ Скопје
  • Петар Илиев  - ОУ „Љубен Лапе„ Скопје
  • Миха Јовановиќ – ОУ „Христијан Т. Карпош„ Скопје

 

Учениците кои беа дел од вториот круг тестирање  имаат право да конкурираат за финансиска помош којашто изнесува најмногу до 50% од вкупната школарина за 2017 година, а ја доделува Гимназијата НОВА врз основа на поднесените документи за финансиска помош. Ќе бидат доделени 10 делумни стипендии.

 

05 Април, 2017

 

-------------

 

Број и вредност на стипендиите

Ќе бидат доделени три целосни стипендии. Дополнително, на десет ученици од најдобрите 25, ќе им биде овозможено да конкурираат за финансиска помош која може да покрие до 50% од школарината.

Критериуми за селекција

  • Одличен успех од VI до IX одделение
  • Резултати од тестовите по англиски јазик*, краткиот состав* и математика*
  • Интервју на англиски јазик

Ќе бидат објавени збирните резултати од тестот по англиски јазик, краткиот состав и математика. Најдобрите дваесет и пет (25) кандидати ќе бидат повикани на втор круг тестирање.  Најдобрите 8 ученици ќе бидат повикани на интервју со комисија. Секое интервју се бодира. Трите (3) целосни стипендисти се избрани врз основа на вкупните бодови од тестовите и интервјуто. Кандидатите рангирани од реден број 4 до реден број 25  имаат право да аплицираат за финансиска помош**. Ќе бидат избрани најмногу 10 кандидати. Вредноста на доделената финансиска помош покрива до 50% од трошоците за школување во НОВА.

Обновување на стипендирањето

Стипендирањето автоматски се обновува секоја наредна година под услов ученикот-стипендист да ги исполнува академските и лидерски очекувања на училиштето: да постигнува континуиран одличен успех, односно просек од 10 или повеќе на скала на оценување од 1 до 12,  да учествува  конструктивно во програмата „Помош на заедницата“ и активно да учествува во најмалку една од училишните програми за лидерство. Каков било инцидент на академска нечесност или сериозен дисциплински престап повлекуваат прекинување на програмата за стипендирање.

                                               

*Сите тестирања се изведуваат под шифра и збирните резултати (ранг-листата) се објавуваат под шифра.

**Кандидатите кои аплицираат за финансиска поддршка ќе треба да  достават и дополнителен формулар за финансиска помош.

Процедура:

  • 20 февруари до 9 март – пријавување со пополнување на електронска апликација достапна на следниот линк.
  • 2 март (четврток), во просториите на Гимназијата НОВА со почеток во 17:00, ќе се одржат работилници по англиски и математика
  • 13 – 16 март, Евалуација на тестирањата
  • 17 март по 15:00 часот, Објавување на резултатите (под шифра) на веб-страната на Нова и на огласната табла во Нова

Резултати од првиот круг тестирање и инструкции за поднесување на документи за втор круг

  • Најдобрите дваесет и пет (25) кандидати поднесуваат документи (дополнително ќе бидат објавени) и одат во втор круг на тестирање. 

Резултати од втор круг тестирање